" Студио ТТ "Македонски /// English
"Студио ТТ" е една од првите приватни проектантски компании во Република Македонија. Основана во 1991 година, од дги Трајковски Трајко, кој е сопственик на компанијата, а воедно и управител на компанијата.
Основни дејности на "Студио ТТ" се:• Проектирање на објекти и ентериери
• Надзор, консaлтинг и инженеринг
• Проектен менаџмент
• Ексклузивен дистрибутер на ѕидни тапети “OMEXCO”
• Дистрибутер на ѕидни панели
• Дистрибуција на модерни еко-камини (биоетанол)
контакт: studiott@on.net.mk
"Студио ТТ" поседува лиценца Б за проектирање и лиценца Д за надзор над изградба на градби. Исто така, поседува и Сертификат за проектен менаџмент во градежништво, кој овозможува изработка на студии за економска исплатливост при изградба на објекти.
Од почетокот "Студио ТТ" е препознатлива по својот професионализам, креативност и многуте задоволни инвеститори.
Во своето 20-годишно постоење" Студио ТТ" стои зад многубројни проекти и над 100 реализирани објекти. Во текот на годините, секогаш ги следиме последните трендови во дизајнот и употребата на нови материјали. Поради тоа, секојдневно ја прошируваме нашата основна дејност во обид да Ви приближиме повеќе нови современи производи за обликување на Вашиот простор: ѕидните тапети од природни материјали, ѕидните панели и еко-камините.
